Политика за достава на производи / овозможување услуги

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.

Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 48 часа од моментот на потврдена нарачка.

Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Хунза Веда Клуб ДООЕЛ – Скопје  го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Испорака вршиме од понеделник до петок, освен на државни празници и неработни денови.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена во  сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.