Хунза Благо Масло 30мл.

[TABS_R id=1983]

Хунза масло од благи семки ( 30мл )

Потекло: Хунза, Хималаи, Пакистан
Одгледување: Природно на 3.000 метри надморска
висина

    100% Безбедно купување. Целосна заштита на вашите податоци.

Бесплатна испорака во Македонија за нарачки над 1.200 денари или 20 евра.

500.00 ден

Додади во листа на желби
Додади во листа на желби
  • Description

Description

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
ОПИС
СОСТАВ
УПОТРЕБА
КОЗМЕТИКА
ДЕЦА
РАЗЛИКА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

чист екстракт 98%
природно 100% 
рачна изработка 100%

ОПИС

Начин на употреба: Без ограничувања.
Чување: На температура до 25 С, во добро затворено шише, заштитено од светлина.
Несакани ефекти од користењето на Хунза маслото досега не се забележани.

СОСТАВ

Хунза маслото е чист екстракт од семка од хималајска касија, без никакви додатоци.
Содржина на растителни масти 98,0%
Витамин Б17 (amygdalin) 3000ppm
Густина 880 g/L
Киселински број 7.75
Сапонификациски број 180.0
Естерски број 177.0
Пероксиден број 3.8
Јоден број 95.1
Вкупна енергетска вредност 911,00 kcal/100g
Оmega 9 (oleic acid) 73,45 g/100g
Omega 6 (linoleic acid) 22,4 g/100g
Omega 3 (alpha linolenic) 1.00
C16:1 (palmitoleic) 1.04
ORAC 5354 ( μmol TE/g)
Фитостероли 2660 ppm
Витамин Е 390 ppm
Витамин А <0.1 ppm

УПОТРЕБА

Хунза маслото од слатки семки од кајсии се препорачува за внатрешна или надворешна употреба, особено за деца до 12 години, бремени жени и доилки.
          Орална употреба: Ханза маслото, за разлика од сите останати масло од семки од кајсии, е 98% чист екстракт без дополнителни состојки, што го прави уникатен и многу вреден производ. Затоа препорачуваме да го користите орално без користење на метални лажички за да се избегне оксигенација. Маслото конзумирајте го преку пластична или дрвена лажичка.
          Надворешна употреба:  Хунза маслото има смирувачки ефект врз иритирана или воспалена кожа. Погодно е за сите кожни заболувања и ја забрзува регенерацијата на кожата и клетките.
Маслото содржи линолеинска киселина која што е корисна за цврста и тонизирана кожа. Витаминот А и Е помага при забавување на процесот за стареење.
Ова масло е богато и со витаминот К кој е познат по тоа што ги редуцира темните кругови околу очите. Исто така витаминот Е и омега 6 масни киселини се наоѓаат во составот на маслото и заедно со витаминот К ја негуваат кожата дозволувајќи на сите овие состојки длабоко да навлезат во кожата, дури и до крвните садови.
Поради присуството на витаминот Е во комбинација со незаситените масти ова масло е погодно како заштита од штетното УВ зрачење.
Отстранува болка, предизвикана од реума доколку се масира на болното место.
Доволни се неколку капки масло нежно нанесени на вашето лице или телото со правење кружни движења со раката.

КОЗМЕТИКА

Во козметиката, Хунза маслото е високо ценето поради неговите корисни својства за кожата; допринесува за мекост, еластичност и заштита. Особено е погодно за оние кои страдаат од сува кожа, бидејќи го стимулира производството на себум, со што се регулира хидролипидниот филм, кој е од суштинско значење за здравјето на епидермисот.
Присуството на фитостероли овозможува зајакнување на микроциркулацијата на кожата и обезбедува благотворно и заштитно дејство против штетните УВ зраци. Во козметичката употреба маслото е исто така совршено за оние со чувствителна кожа: тоа е масло кое ја штити кожата на лицето од еколошките бактерии и од постојаните климатски фактори, како што се високата топлина или ладното време кои можат да ја оштетат кожата.
Слаткото масло може да се користи и како природна анти-акни терапија; длабоко ја навлажнува кожата и се бори против слободните радикали, спречувајќи ги природните знаци на стареење.

ДЕЦА

Во Хунза, благото масло од кајсија им се дава на децата од првите денови од нивното раѓање. Покрај тоа, по капење, новороденчињата се масираат за поголема заштита на кожата, особено во зимскиот период, за одржување на телесната температура на нормални нивоа. Масажа со масло по капење има сличен ефект дури и во лето.
Внатрешна употреба:  5 до 10 капки масло, разредено во млеко или сок од природно овошје во шишето пред да заспие.
Надворешна употреба:  неколку капки на рацете и нежно масирајте додека маслото не се апсорбира. Маслото се апсорбира многу лесно и не ја остава кожата мрсна.

РАЗЛИКА

Разлика меѓу Ханза масло од горки и слатки семки:
Ханза масло - ГОРКО  е обработено со ладно притискање и извлекување од горчливи семки од кајсија од Хималаите и содржи многу повисоко количество витамин B17 (Амигдалин). Се препорачува како превентивна мерка или како поддршка за време терапија при разни заболувања и се конзумира орално од лица на возраст над 12 години. Масло од горки семки има ограничување при неговата употреба.
Хунза масло - БЛАГО  е обработено со ладно притискање и извлекување од слатки семки од кајсија од Хималаите и содржи незначителна количина на витамин Б17 (Амигдалин). Неговата употреба се препорачува како превенција при разни заболувања кога се употребува орално. Ова масло нема ограничување и може да се конзумира кога сакате и колку сакате. Може да го конузмираат и деца до 12 години, трудници и доилки.
Ова масло се применува и директно на кожата кај луѓе од сите возрасти, вклучувајќи и новороденчиња и деца. Помага при разни заболувања на кожата, но е многу ценето и во козметиката поради неговите корисни својства за кожата; допринесува за мекост, еластичност и заштита. 
Хунза маслото и покрај неговите придобивки за здравјето на луѓето секогаш останува храна. Во овој случај 98% чиста храна без никакви додатоци и други хранливи материи или разредувачи.
Ханза маслото не ја заменува терапијата што ја пропишува лекар.