Кралството Хунза

Oбласта Хунза се наоѓа во северниот дел на Пакистан во близина на границата со Кина. Долината се наоѓа помеѓу двата највисоки планински венци Хиндукуш и Каракурум. Областа е богата со реки, така што притоците на реката Инд ја обликуваат областа како длабока долина. Долината на Хунзите е сместена на надморска височина од 2.438 метри. Територијата на Хунзите се простира на околу 7.900 км².
Каримабад (порано нарекувана Балтит) е престолнината којашто, истотака, е мошне извесно туристичко место во Пакистан, поради впечатливите предели на околните планини како Ракапоши, Ултар Сар, Боџахагур II, Врв Гента, Врв Хунза, Врв Дармиани, и Бублиматинг. Народот од долината Хунза денес брои околу 87 илјади луѓе.
Хунза е голема туристичка атракција во Пакистан, и многу Пакистанци и странски туристи доаѓаат за да го уживаат живописниот пејзаж и за да го посетат овој древен народ. Овој реон е многу современ на секој план и е многу напреден за азиски стандарди. Британците го задржале статусот на Хунза како кнежество до 1947 Година.
На 3 ноември 1947 г. владетелот на Хунзите Мохамед Џамал Кан праќа телеграма до Мохамед Али Џина во која се согласува да го припои своето кнежество кон новата држава Пакистан. До 1974 година Хунзите имале автономија во рамките на Пакистан, што била укината од премиерот Зулфикар Али Буто. До долината на Хунзите се стигнува преку долг и стар пат, што почнува од градот Исламабад.



Луѓето од Хунза

Повеќето Хунзи се муслимани. Регионот Хунза е дом на луге од три етнитети: Долната област на Хунза – (од Мајун до Насирабад) е воглавно населен од Шинаки, луѓе кои говорат Шина; Централната област на Хунза – (од Муртазабад до Ахмед Абад)) е воглавно населен од луѓе кои говорат Бурушаски. Горната област на Хунза, позната како Гоца – (од Шискат до Хунџераб) е воглавно од луѓе кои говорат Ваки.
Припадниците на народот Хунза се секогаш насмеани, весели и цврсти. Секогаш изгледаат младолико и многумина се изненадени од нивните години. Како да се од некоја друга планета, но сепак не се.
Хунзите живеат на планините во северен Пакистан, а ги има околу 87 илјади жители. Посебни се по тоа што живеат во просек по 100 години, но многу од нив без проблем живеат и до 120 години. Некои доживеале и до 160 години. Ретко се болни, не знаат за тумори, изгледаат многу младо, а нивните жени може да раѓаат и на 65-годишна возраст.
Долго време се мислело дека жителите на ова долина својата долговечност и виталност ја должат на своите гени, но новите истражувања покажуваат дека факторите од околината влијаат повеќе отколку генските предиспозиции.
Факторите што научниците ги издвоиле како клучни во квалитетот на животот кој го живеат луѓето во долината Хунза се исхраната која се заснова на билки и растенија, особено на маслото од семки од кајсија, едноставниот начин на живот и зголемената физичка активност.
Жителите од долината Хунза, се единствените кој не заболуваат од рак, од кардиоваскуларни болести, ниту од дијабетес, а исто така имаат најдолг век на живеење во светски рамки.
На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, обележан во август 1977 година, експерти објавиле дека „според податоците на геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони на светот), целосно отсуство на рак се јавува само кај народот на Хунзите“.
За нив да се поминат 100 до 200 километри дневно, исто што и за нас да се прошета околу куќата. Искачување по стрмни планини за Хунзите е пола час, а се симнуваат весели и енергични.
Хунзите тврдат дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. REZBA3Тие немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето и лавот. Јазикот на Хунзите се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Хунзите и воопшто, регионот Хунза, ја има највисоката стапка на писменост во Пакистан и пошироко.

Здрави навики и исхрана

Географската одвоеност им овозможила на Хунзите да ги зачуваат своите здрави животни навики во текот на неколку илјади години. Долговечноста и извонредното здравје на жителите на оваа долина го привлекло вниманието на голем број истражувачи. Голем дел од Хунзите живеат до 100 и повеќе години.
Долго време се верувало дека таа невообичаена долговечност се должи на одредени генетски фактори, но голем број истражувања покажуваат дека тајната за долгиот и здрав живот на Хунзите се крие пред се во нивниот здрав начин на живот со голема физичка активност и исхраната која се состои пред се од растителни продукти.
Познатите американски кардиолози, Е. Г. Туми и П. В. Вајт ја посетиле областа Хунза во 1964 година, а нивното истражување за начинот на живот на Хунзите било објавено во еден од најпознатите специјализирани магазини за медицина „American Heart Journal“ (E. G. Toomey, P.W. White, „A brief survey of the heart of aged Hunzas“, American Heart Journal, 68:842, 1964.).
Двајцата доктори дошле до заклучокот дека сите испитаници (на возраст од 90 до 110 години) имале нормален крвен притисок, нормално ниво на холестерол и добро работење на срцето. Хунзите не знаат за постоењето на малигните заболувања, кардиоваскуларните болести, дијабетисот и прераното стареење на организмот.

Житарици
Хунзите се хранат со голем број житарици: јачмен, просо, пченка и ‘рж. Од целите зрна на житариците се прави брашно. Брашното се користи за правење на леб без квасец, наречен „чапати“. Чапати лебот Хунзите го конзумираат со секој оброк.

Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се основен дел од исхраната на Хунзите. Тие најчесто овошјето и зеленчукот ги конзумираат свежи и сирови. Термички се обработува само зеленчукот, кој се вари многу кратко. Од овошје Хунзите најчесто јадат: кајсии, јаболко, круши, праски, цреши, црници и грозје.
Кајсиите, кои се и најраспространетиот тип овошје во областа се јадат свежи и суви. При подготвувањето десерти Хунзите не користат рафиниран бел шеќер. Зеленчукот што најчесто се употребува во исхраната на Хунзите се: грав, грашок, леблебија, зелена салата и спанаќ.
Јаткасти плодови
Хунзите конзумираат најчесто ореви, а многу помалку лешници и бадеми. Од бадемите Хунзите прават масло за готвење според рецеп стар неколку илјадници години. Во вид на оброк јаткастите плодови најчесто се комбинираат со овошје.


Продукти од животинско потекло
Хунзите не се строги вегани. Тие многу ретко употребуваат храна од животинско потекло. Месо јадат само на празници (Курбан Бајрам, венчање, родендени). Во тие ретки прилики месото (варено подолго време) се послужува во мали порции насецкано на мали парчиња. Хунзите најчесто конзумираат пилешко и овчко месо. Бидејќи се муслимани тие не јадат свинско месо. Хунзите многу штедливо ги употребуваат и јајцата. Тие најчесто се користат во некои варијанти на Чапати лебот. Од млечните производи најчесто се конзумираат козјо млеко и сирење, а многу ретко путер. Хунзите имаат свој традиционален рецепт за производство на млечен производ сличен на јогуртот. Хунзите кои често конзумираат храна од животинско потекло го прават тоа исклучливо во зимските месеци и во мали количини. Хунзите конзумираат многу мали количини на сол. Во многу од нивните јадења солта воопшто не се користи.