
Марина Дукоска во Хунза
Хунза Веда Клуб
Eксклузивен застапник и узвозник на Хунза маслото од Пакистан, Кралството Хунза на Хималаите
Сопственикот и основачот на Хунза Веда Клуб – Марина Дојчиновска, прв пат се качи на Хималаите и ја откри Хунза во 2005 година. Од тогаш траат силните нераскинливи врски на народот од Хунза и кралството семејство од Хунза со народот од Македонија.
Компанијата Хунза Веда Клуб постои 6 години и е основана со една единствена цел: Како
ексклузивен застапник да го донесеме во Македонија и споделиме со нашите луѓе скапоценото
масло од семки од хималајски кајсии, од малото кралство Хунза, кое се наоѓа на подножјето на
Хималаите, на границата на Пакистан со Кина.
Основањето на Хунза Веда беше резултат на личните комуникации со народот од Хунза и нивното
кралско семејство кои датираат од 2005 година, кога Марина Дојчиновска, основач на
компанијата, како долгогодишна новинарка, заради документаристички истражувања прв пат го
посети кралството на Хунзите.
Од 2010 година започна да се работи на проектот – Како да се испрати во Македонија, еден дел
од нивното уникатно масло од семки од посебни видови на кајсии, рачно произведено според
древна рецептура.
Иако не беше едноставно да се организира целиот тој процес (тоа беше прв пат да се испраќа
маслото надвор од Хунза), после многу процедури и илјадници километри, Хунза маслото стигна
во Македонија.
Доколку сакате да соработувате со нас контактирајте не на:
import-export@hunzaoil.com
marketing@hunzaoil.com