Политика за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на доверливи податоци

Хунза Веда Клуб ДООЕЛ – Скопје ќе ги користи личните податоци на регистрираните корисници според Законот за заштита на личните податоци и во согласност со другите законски регулативи на Република С.Македонија. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со позитивните законските прописи на Република Македонија. Секој купувач при регистрација и купување, со обележување дека ги прифаќа Општите одредби, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на доверливи податоци.

Основна цел за прибирање на личните податоци, кои корисникот ги внесува преку регистрација, е да ја извршиме вашата нарачка, успешна достава на производот, реализација на плаќањето и да Ве контактираме за прашања поврзани со добиената нарачка.

Хунза Веда Клуб ДООЕЛ – Скопје како сопственик на www.hunzaoil.com нема увид во никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците од кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Банка АД Скопје.

Трансакцијата при наплаќање на производите е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Банка АД Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели.

Башата политика за заштита на лично податоци е во согласност со Законот за заштита на личните податоци објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 42/20 од 16.02.2020 година.

Промените во оваа политиката ќе бидат јавно објавени на веб странатa и www.hunzaoil.com најмалку 7 дена пред да стапат во сила.